Податоците за профитабилноста на компанијата беа внимателно следени пред очекуваното IPO следната година
Бизнисите на „Airbnb“ надвор од САД и Кина остварија нето добивка од 46,47 милиони американски долари во 2018 година, во споредба со загубата од 97,22 милиони американски долари претходната година, се вели во извештаите на компанијата во Даблин, Ирска.
Airbnb International Unlimited компанијата се наоѓа во Ирска и е целосно во сопственост на подружницата на Airbnb Inc. Податоците се објавуваат за прв пат по измените на законот за ирските компании.
Приходите што доаѓаат само од таксите што ги собра „Ербнб“ и не ги вклучуваат вкупните приходи на сопствениците на домови достигнаа скоро 2,42 милијарди американски долари во 2018 година, што претставува зголемување од над 35% за меѓународниот бизнис, без исклучок на САД и Кина.
Ројтерс предвреме извести за приходите на „Ербнб“ за цела 2017 година, кои надминаа 2,5 милијарди американски долари, што претставува зголемување од над 50 проценти во однос на 2016 година. Компанијата објави дека нејзината заработка пред исплати на камати, даноци и амортизација е позитивна за 2017 и 2018 година. Не се откриваат приходи за минатата година.
Според извештајот минатиот месец, оперативната загуба на „Ербнб“ се зголеми за повеќе од двапати во првиот квартал од оваа година на 306 милиони американски долари на годишно ниво заради наглото зголемување на маркетинг-инвестициите.
Компанијата објави дека ќе биде котирана на берзата во 2020 година и внимателно се следи нејзината профитабилност, бидејќи многу примарни јавни понуди на компаниите што создаваат загуба се покажаа како голем неуспех.
Во интервју за „Њујорк Тајмс“ претходно овој месец, извршниот директор на „Ербнб“ Брајан Цески рече дека компанијата собрала 3,2 милијарди американски долари од инвеститори и имала повеќе пари во банка отколку што собрала.
Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк