AmCham Macedonia и додели Благодарница на Комерцијална банка АД Скопје за инвестиции во општеството во 2019 година преку иницијативата Social Marketplace. Банката преку Координативното тело за општествена одговорност финансиски го поддржа проектот „Урбана градина во Ресен“ на Здружението за рурален развој „Локална акциона група Преспа“.

Проектот има значајна мисија – обука на 40 социјално загрозени лица со лесна телесна попреченост од Преспа за одгледување земјоделски култури на органски начин, креирање вертикални градини, рециклирање на органски отпад итн. Ова е уште една потврда за општествено одговорните практики што во континуитет ги спроведува Комерцијална банка АД Скопје.