Измина една година од потпишувањето на важните протоколи за слободен пристап до пазарот на труд и поврзување на системите за електронска идентификација на граѓаните на Македонија, Србија и Албанија, како дел од иницијативата „Отворен Балкан“.
Тоа значи слободен пристап до вработување во Македонија за државјани на Република Албанија и Република Србија, како и вработување на граѓани од Македонија во тие две земји.
Во Агенцијата за вработување прашавме колку државјани на Србија и Албанија ја искористиле можноста за вработување.
Оттаму добивме одговор дека во последните 12 месеци Агенцијата за Вработување на Република Северна Македонија има издадено 492 сертификати за државјани од Србија и Албанија.
„491 сертификат се издадени за државјани од Србија. 1 сертификат е издаден за државјани од Албанија“ велат од АВРМ.
АВРСМ нема податоци колку македонски државјани добиле сертификат во Р.Албанија и Р.Србија, додаваат оттаму.