Колието со платина и розево злато со редок розов дијамант со тежина од 15,56 карати беше продаден за 9,5 милиони долари

Засилениот син дијамант беше продаден за 18,3 милиони долари на аукцијата на Кристи во Њујорк, објави Ројтерс.

Првичната проценка на 8,08 каратниот дијамант беше во опсег од 13 до 18 милиони долари.

Колието од платина и розево злато со редок розов дијамант со тежина од 15,56 карати беше продадено за 9,5 милиони долари.

Платинест прстен со дијамант со тежина 28,7 карати пак најде купувач за 2,05 милиони долари, додека друг платинест прстен во стил “ар деко” со дијаманти со заситена жолта боја со тежина 8,09 карати беше купен за 1,3 милиони долари .

Аукциската куќа објави дека аукциските приходи изнесуваа 69,2 милиони долари.

Според истражувањето објавено порано минатиот месец сините дијаманти можат да се формираат на длабочина од најмалку 660 километри. достигнувајќи дел од внатрешноста на земјата, наречена долна мантија.

Овој вид скапоцени камења се во форма на кристал од чист карбон, формирани под влијание на силна топлина и притисок. Сините дијаманти кристализираат заедно со хидрирани минерали кои пред многу време биле дел од морското дно, но биле во судир подлабоко при движењето на огромните тектонски плочи кои ја обликувале површината на Земјата, тврдат научниците.