Во третиот квартал од 2024 година германската економија благо падна за 0,1 отсто, а на крајот на 2024 година нема да забележи раст, туку стагнација, се вели во прогнозата што денеска ја објавија аналитичарите на Блумберг.
Доколку се остварат предвидувањата, тоа би значело дека Германија по два последователни квартали економски пад од 0,1 отсто, моментално е во техничка рецесија.
Според прогнозата на експертите на Блумберг, Германија следната година се очекува да доживее скромен економски раст од 0,8 отсто.