Според податоците на Bank of Singapore, во втората половина на годината има зголемување од 35% во интересот на кинеските клиенти за офшор услуги
Богатите Кинези брзо ги пренесуваат средствата и заработките во странските фондови, пред новите даночни правила на земјата да стапат на сила следниот месец. Меѓу нив е мерка која е насочена директно кон офшор холдинзите на елитата, објави Блумберг.
Според податоците на Bank of Singapore во втората половина на годината се забележува зголемување од 35% на интересот од кинески клиенти кон офшор фондовите, посочува шефот на единицата за финансиско планирање на банката Уон Шу Ли. Според него бројот на молбите кон фондовите кои нудат “можности за даночни олеснувања” преку обезбедување на сопственост на старателството од трета страна, е двојно зголемен од август наваму.
Даночната реформа, која ќе стапи во сила од 1 јануари, цели да ја намали даночната тежина од луѓето со средни и ниски приходи преку зголемување на обврските на најбогатите. Тие, исто така, ќе имаат влијание врз работата на консултантите, приватните банкари и адвокати кои се специјализирани во своите области и имаат големи натпросечни примања.
Со зголемувањето на богатството на кинеската елита – личното богатство во земјата се искачи на 21 трилиони долари минатата година, со што складирањето на парите во странство или промената на нивниот даночен статус стана нормална активност.
И покрај владиното зголемување на контролата над „извозот“ на пари во странство минатата година, капиталот на Кинезите во странство ќе достигне 1 трилион долари оваа година, изјави Бостон Консалтинг груп.
“Интересот за создавањето на офшор фондови и укинувањето на кинеската регистрација на домаќинства (која потврдува дека човек е жител на одредена област) е огромен”, вели Питер Ни, партнер и даночен специјалист во правната канцеларија Zhong Lun. Според него лицата со големо нето богатство брзаат за да можат да го фатат крајниот рок, кој истекува во 2019 година.
Според некои советници за финансиско планирање, нивните клиенти почнаа да воспоставуваат фондови долго пред да се појават даночните реформи на хоризонтот. Во исто време во септември Пекинг започна примената на меѓународниот договор за делење на податоци, наречен Вкупен пресметковен стандард кој го прави чувањето на пари во странство повеќе видливо за локалните власти.
Акциите на Кина погодија многу богати и познати индивидуи во земјата. Таков пример е случајот на актерката Фан Бинбин, која требаше да плати, заедно со неколку други поврзани компании, рекордни 129 милиони долари во парични казни за неплатени даноци.