Богатството на најбогатите 500 луѓе во светот во 2022 година е намалено за вкупно 1,4 трилиони долари, објави Блумберг, повикувајќи се на својот Индекс на милијардери.
Некои од најбогатите луѓе во светот изгубија пари поради војната во Украина, некои поради инвестициските одлуки како Илон Маск, чие богатство се намали за 138 милијарди долари откако го купи Твитер, а некои како Сем Бенкмен Фрид, сопственик на FTX, кој се уништи самиот себе.
Колективното богатство на само четворица тајкуни од технолошките компании, Илон Маск, Џеф Безос, сопственик на Амазон, Чангпенг Жао, сопственик на најголемата светска берза за криптовалути Binance и Марк Цукерберг, сопственик на Мета, односно Facebook, оваа година се намали за 392 милијарди долари.
Некои поминаа подобро од другите. На пример, индискиот тајкун Гаутам Адани го прескокна на листата Бил Гејтс и познатиот инвеститор Ворен Бафет. И некои богати семејства како Коч или Марс го зголемија своето богатство.
Вредноста на професионалните спортски тимови е зголемена, а нивната вредност е толку висока што само членовите на најбогатите 0,0001 отсто можат да ги купат.