Booking.com предупредува дека вештачката интелигенција предизвикува огромен пораст на измами.

Марни Вилкинг, раководителот за интернет безбедност на компанијата, рече дека во изминатите 18 месеци забележано е зголемување на измамите од „500 до 900%.

Конкретно, таа го истакна порастот на измамите со фишинг – каде што луѓето се измамени да ги откријат своите финансиски детали – откако станаа достапни генеративните алатки за вештачка интелигенција како ChatGPT.

„Се разбира, фишингот постои уште од почетокот на е-поштата, но порастот започна веднаш по лансирањето на ChatGPT“, рече таа.

Напаѓачите користат вештачка интелигенција за да создадат лажни мејлови кои се далеку подобри од кога било досега.

Фишинг нападите често се обидуваат да ги убедат луѓето да ги внесат деталите за нивната картичка преку лажни, но многу веродостојни линкови за онлајн резервации.

Измамниците често таргетираат страници како Booking.com и Airbnb бидејќи им дозволуваат на корисниците да наведат сопствено сместување.

Откако некој ќе плати, измамниците или исчезнуваат без трага – оставајќи го клиентот без место за престој – или се обидуваат да изнудат повеќе пари преку дополнителни пораки.