Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини почнува иницијатива за зголемување на заштитата на граѓаните и обезбедување поголема транспарентност при мерењето на потрошената електрична енергија… Како дел од оваа иницијатива, министерката за енергетика Божиновска бара Бирото за метрологија во најкраток можен рок да ја стави во функција софистицираната опрема за тестирање и верификација на броилата, која повеќе од седум години останала неискористена… Станува збор за трофазен систем за мерење на електрична енергија и моќност, кој со години бил складиран во подрумските простории на Бирото… Со активирањето на оваа опрема ќе се овозможи не само редовна верификација на мерилата, туку и проверка на нивната исправност по жалби од потрошувачи… Божиновска инсистира на оваа мерка поради честите поплаки на граѓаните за сомнително фактурирање на електричната енергија…