БРАКО и Грин Машинс ја спонзорираа 11-та меѓународна конференција „Комуналните услуги во паметните градови“ која се одржа во Скопје.
Во рамките на конференцијата се одржа саем на кој беа изложени најпродаваните електрични модели 500 ZE и 400 ZE, а стручниот тим на Грин Машинс пред присутните ги презентираше можностите и на сите останати модели кои ги нудат.
„По презентацијата на целата палета возила од линијата Грин Машинс, повеќе комунални претпријатија од Србија, Црна Гора и Косово покажаа интерес за овој тип на возила и беа задоволни со перформансите кои ги имаат и кои ги рангираат помеѓу најдобрите возила од овој тип во светот. Конференциите од овој тип се солидна платформа да се презентираат достапни технолошки и еколошки решенија како тие на Грин Машинс, со нула штетни емисии во воздухот“, истакнаa техничкиот директор Ангел Анѓушев и комерцијалниот директор Владимир Локвенец.
Високо софистицираните возила на Грин Машинс ја одржуваат чистотата на многу светски метрополи и паметни градови во околу 60 земји од светот. Со континуираниот развој и иновативните решенија Грин Машинс даваат постојан придонес во светските напори за постигнување нула штетни емисии во воздухот.
На конференцијата, организирана од Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ, беа присутни повеќе од 200 учесници и претставници на јавни комунални претпријатија од регионот.