Компаниите во Германија се потешко добиваат кредити од банките, е заклучокот од извештајот што денеска го објави Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен.

Во септември, приближно 32,9 отсто од анкетираните компании во Германија изјавиле дека банките се повнимателни при одобрувањето заеми, додека во јуни овој процент бил 27,1 отсто.

Резултатите покажуваат дека компаниите во Германија сега имаат најголеми проблеми да добијат заеми од 2017 година.

На потешкотии при одобрување кредити особено се жалат компаниите од услужниот сектор, каде проблеми пријавиле 35,7 отсто од анкетираните компании, како и 34,3 отсто од компаниите од индустријата.

Недостигот на нарачки во многу сектори ги тера банките повнимателно да ја проверуваат кредитната способност на компаниите, рече експертот на IFO, Клаус Волраб.

Спротивно на тоа, германските компании во градежниот, големопродажниот и малопродажниот сектор релативно полесно добиваат заеми, се заклучува во извештајот на веб-страницата на IFO.