Процесот за кредитот од Унгарија наменет за фирмите е промашен уште од самиот старт. Според аналитичарот Бранимир Јовановиќ државата договори пари за компании од странска влада без притоа да се консултира со банкарите.
Смета дека доколку не биде постигнат договор цената ќе ја плаќаат граѓаните односно ќе се трошат нивни пари за да се покриваат трошоци на профитабилни компании.
Предупредува дека средствата може на крајот да зваршат кај фирми блиски до власта.