Бранка Павловиќ е повторно именувана за член и претседател на Управниот одбор на Охридска банка А.Д. Скопје, за што гувернерот на Народна Банка на РМ издаде решение за согласност на 30 јануари 2019 година, објави банката преку Македонската берза.
Согласноста е издадена за период од 4 години, сметано од 1 февруари 2019 година.