Банката ќе има потреба од повеќе вработени за да ги контролира банките кои го преместуваат или го прошируваат бизнисот поради напуштањето на Британија
Банките од еврозоната се соочуваат со повисоки трошоци за надзор од страна на Европската централна банка (ЕЦБ) поради претстојниот Brexit. За 2019 година очекуваниот вкупен износ на надоместоците најверојатно е 576 милиони евра што е за 21% повеќе од прогнозата за 2018 година, објави ЕЦБ од своето седиште во Франкфурт денеска.
Зголемувањето на трошоците главно се должи на фактот дека на ЕЦБ ќе му треба повеќе персонал, за да ги контролира банките, кои се преместуваат или ги прошируваат своите бизнис активности надвор од Велика Британија поради планираното повлекување на Велика Британија од ЕУ. Кон тоа се додава и соодветната прелиминарната оценка за процесот на Brexit. Банките треба да добијат известувања за пораст на надоместоците во октомври.
ЕЦБ ги надоместува трошоците направени во врска со супервизијата од страна на банките. Таа создава клуч кој ги зема предвид, меѓу другото, големината и ризичниот профил на финансиската институција. Повеќето од надоместоците се за големите банки во еврозоната, кои се директно контролирани од ЕЦБ. Од есента 2014 година, ЕЦБ е задолжена за контролирање на големите банки во валутната област. Таа го споделува надзорот и на помалите финансиски институции со националните власти. Регулативата на ЕУ за единствен механизам за надзор (Регулатива за ЕСМ) бара од ЕЦБ да наплати годишна супервизорска такса од сите банки под надзор – за надоместување на трошоците за надзор.
Во моментов, банката регулатор ги разгледува своите трошоци. Со новата регулатива, надоместоците за надзор не треба повеќе да се проценуваат и собираат однапред. Во иднина тие треба да се пресметуваат врз основа на реалните трошоци направени и наплатени само на крајот од релевантниот период. Според плановите, помалите банки треба да бидат ослободени. Институциите можат да коментираат за предлозите на ЕЦБ до 6-ти јуни.