Србија нема да ни извезе сурово сончогледово масло од кое, по преработка, се добива масло за јадење, потврди за „Слободен печат“, Симон Наумовски, директор на фабриката „Витаминка“ во чија сопственост е и фабриката за масло за јадење „Брилијант“.

Искрено кажано во паника сме. Нашиот добавувач од Војводина ни кажа дека не може да ни испорача сурово маслозатоа што српската Влада не донела одука за укинување на забраната за извоз. Од утрово насекаде вртиме телефони. Преговараме со трговци од Украина, Унгарија и Бугарија. Нас ни требат 2000 тони месечно сурово масло – вели Наумовски.