Британската премиерка Тереза Меј рече дека е разочарана од најновите резултати во економскиот раст на земјата и најави инвестиции од милијарди фунти во инфраструктурата за да го забрза растот. Во првиот квартал на 2018 година Британија растеше со само 0,1 процент.
– Секако дека денешните бројки се разочарувачки, но основата на нашата економија останува силна. Имавме раст во секоја година од 2010 наваму, а невработеноста е на најниско ниво во изминатите 40 години. Но, не можеме да се опуштаме, изјави Меј.