Јавниот долг на Британија, кој изнесува 2.546 милијарди фунти (нешто повеќе од 3.000 милијарди евра) – над 100 отсто од БДП.
Бројката објавена денеска е „прелиминарна проценка“, предупреди во соопштението Канцеларијата за национална статистика.
Јавниот долг со месеци се движи околу 100 отсто од БДП, зголемен поради помошта дадена за време на епидемијата на Ковид и енергетската криза.
Буџетскиот дефицит го продолжи своето неочекувано движење во август, достигнувајќи 13,7 милијарди фунти (16,3 милијарди евра), што е повисоко од прогнозата, според месечниот извештај на Канцеларијата за национална статистика објавен денеска.
Кумулативно од април, што е почеток на фискалната година, официјален Лондон позајми 6,2 милијарди фунти повеќе од предвиденото од страна на јавното тело за буџетски прогнози (ОБР).