Исплива на површина целата македонска злоба, љубомора и лошотилак, со зголемувањето на минималната плата на гревовине кои работеа за 15.000 денари на 18.000 денари!

Збитакон од СОНК, синдикалниот водач на „напреднава“ македонска просвета, со недели подбуцнува штрајк во кој најголема жртва ќе бидат децата и нивното образование. Бидејќи пари нема во буџетот, едноставно ова сулудо барање и желботека – не може технички да се оствари. А прашањето е зошто пари нема? Па многу едноставно, затоа што илјадници приучени даскали, со еден или два часа дневно, со секој викенд фул неработен, со три месеци на лето и еден на зима – не работат. А и во тоа време кога работат исто како ништо да не работат. Нашава наставничка фела, пример не знае да користи компјутер и да направи ПДФ извештај. Не знаат да користат лап-топ мнозинството. Мнозинството се приучени и со врски ги завршиле тие факултетчиња колку за диплома за да се пикнат на државна јасла. Мнозинството од нив не зборува втор јазик освен мајчиниот. И секој месец, уредно земаат 25.000 – 30.000 денари. Работел, не работел, плата зема. Е сега и таа плата била малку, па оној волон од СОНК, ги подбуцнува останатово стадо да скокаат за плата од 45.000 денари!

Што просветата подобри за ова зголемување кое го бара? Дали ја зголемија продуктивноста или аутпутот?

Дали просветата знае колку годишно тоа чини во бруто износи и дали има предлог од каде да дојдат овие пари? Или онака само чергарски – бараат пошо така мислат… Ако е така и лицитирате како сакате, побарајте 1000 евра плата за сите рамно и готово. Што да цепидлачиме?

Или скокнаа кафекуварките и хигиеничарките во школите, па не сакаат да ги изедначуваат со “минималците“ пошо овие се многу специфични и захтевни работни места….

Дали знаете дека, едно просечно македонско училиште има 8 хигиеничарки и 2 хаусмајстори? Мислиш Железара ја одржуваат… Има сметководител, шест директори и заменици, психолог, психијатар, помошник ваков, помошник таков, онаков соработник.. Се има, само нема деца. Т.е. се помалку деца поради вакви „визионери“ како волов од СОНК.

За крај само да истакнам дека истиов вол, партиско-опортунитетна ороспија, ако не паметите, во 2011 година штрајкуваа дека не им треба покачување на платите, дека им биле доста пари и сами си го саботираат штрајкот кој претходно го најавија. Кај можеше во време грујово вакви некакви си штрајкови и барања, тогаш предеа како мачки и се им беше во ред. Тогаш земаа 35% помалку, ама со розовите вемеро очила, се беше поинаку. Оттука, заклучувам дека штрајков е политички, заради тоа е нелегитимен и е политичка алатка за дестабилизација во изведба на збитакон од СОНК, по барање на мајонез-лидерот од Белана Куча, во режија на мастер-оф-папетс- побегуља од Будимпешта, да заокружиме.

За вториов дел, администрации, некакви судски служби, изгубени, залутани луѓе кои ништо не работат по цел ден или бркаат приватни бизниси или продаваат Авон каталози и прават разни коруптивни дубари, не сакам ни време да трошам, многу пати го имам кажано мислењето за овие трутови-лебарки. Бркање на сите од работа. Кратко и јасно. Некогаш најпростото решение е најдобро. Секако ништо не работат, така да нема ништо ни да се почувствува во поглед на квалитетот на услугата на јавниот сервис. Онаа цела армија од 150-160,000 паразити, треба да се сведе на европски просек од некој 20-30,000 и готово. Нека скокаат до таван. До кога ќе ги раниме за нивното лепење плакати и дудлање по партиски штабови… Кој ги ебит…

Затоа, кратко и јасно! Секоја од овие непотребни трошковни единици која ќе штрајкува од 11-ти, директно после 3 дена неработа, да се избрка од работа по кратка постапка. Има други кои сакаат да работат, а тие , пошто се многу способни, нека дојдат во приватниов сектор и нека си обезбедат плата од 45,000 денари, а не народот да им ја обезбедува оваа плата за да се изживуваат врз буџетот со 1 или 2 часа дневно работа…

За вакви говнари – со говнена мотка!

 

Наум Димитровски