Брнабиќ ќе се сретне со премиерот на Белорусија Сергеј Румас и со претседателот на Управниот одбор на Евроазиската банка за развој Андреј Бељанинов.

Српската премиерка, Ана Брнабиќ утре ќе ја посети Москва, каде што ќе го потпише Договорот за слободна трговија меѓу Република Србија и Евроазиската економска унија и нејзините земји-членки.

 

Како што јави дописникот на МИА, по одржувањето на седницата на Евроазискиот меѓувладин совет во проширен состав, Брнабиќ ќе се сретне со премиерот на Белорусија Сергеј Румас и со претседателот на Управниот одбор на Евроазиската банка за развој Андреј Бељанинов.

 

Евроазиската економска унија е формирана на 1 јануари 2015 година, се состои од пет земји – Русија, Белорусија, Казахстан, Ерменија и Киргистан и има за цел да презентира соработка со фокус на заедничкиот економски интерес.