Бројот на корпоративни банкроти во Јапонија во 2024 година бил 10.006, што е највисоко во последните 11 години, според агенцијата за кредитни истражувања Токио Шоко Рисрч. Јапонската агенција истакна дека причините треба да се бараат во тоа што во компаниите имало недостаток на работна сила и високи цени на увезени залихи поради депрецијацијата на јенот.
Бројот на банкроти е за 15,1% поголем од претходната година, што е трета последователна година на пораст, објави Japan Today.
Од таа бројка, дури 10.004 се мали и средни претпријатија, кои се сериозно погодени, пред сè со укинувањето на посебните мерки за одложување на даноците воведени за време на пандемијата, што предизвика дополнително финансиско оптоварување.
Медиумите забележуваат дека јенот паднал на најслабото ниво во последните 37 години во однос на американскиот долар во летото 2024 година.
Токму услужниот сектор, вклучително и рестораните, забележа најголем број на стечајци (3.329 случаи), што претставува зголемување од 13,2 отсто.
Следува градежништвото, една од индустриите најтешко погодени од реформата на работното време, со 1.924 случаи, што претставува зголемување од 13,6 отсто.