Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во индустријата во април годинава, во однос на истио месец лани е заголемен за 2.0%.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во април 2024 година, во однос на април 2023
година, бележи пораст од 5.1 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 1.9 % и во секторот Снабдување
со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0.9%.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во април 2024 година, во однос на април
2023 година, бележи пораст кај Енергија за 4.5 %, Капитални производи за 18.7 % и Tрајни производи за широка
потрошувачка за 13.7 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7.5 % и Нетрајни
производи за широка потрошувачка за 4.8 %.
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – април 2024 година, во однос на истиот период лани е поголем за 1.9%.