Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во март 2018 година, во однос на март 2017 година, изнесува 108.0.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во март 2018 година, во однос на март 2017 година, бележи пораст од 0.9 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 8.9 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација oпaѓање од 0.1 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во март 2018 година, во однос на март 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 16.0 %, Капитални производи за 23.9 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 1.0 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.4 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 0.6 %.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – март 2018 година , во однос на периодот јануари – март 2017 година, изнесува 106.7.