Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за второто тримесечје од 2022 година е 2,8  отсто.

Во месеците април, мај и јуни годинава, најголем пораст е забележан во секторите Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 8,1 отсто, потоа кај Информации и комуникации од 8,1 отсто и Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 7,9 отсто.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2022 година, номинално расте за 14,7 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто- домашниот производ изнесува 68,6 отсто.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 27,1 отсто, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 34,9 отсто.

Бруто-инвестициите во второто тримесечје од 2022 година бележат најголемо покачување во делот на промената на залихите.

Во првиот квартал растот на БДБ беше 2,4 отсто.