Членките на Европската унија уплаќаат во заедничкиот буџет на Унијата, но добиваат пари од него по потреба, а Германија во 2022 година во тој буџет уплатила вкупно 19,7 милијарди евра повеќе отколку што добила, додека најголемиот корисник на средства од заедничките фондови на ЕУ беше Полска со огромно мнозинство, објави Политика рс.
Во текот на 2022 година, секој Германец уплатил во просек 237 евра повеќе во буџетот на ЕУ отколку што добил, потоа Ирска со 197 евра по жител и Шведска со 196 евра. Иако Франција е на врвот во апсолутна сума, со 147 евра по жител, таа е само на шестото место. Таа е нето втор најголем финансиер на буџетот на ЕУ, со негативна разлика од околу десет милијарди евра, се вели во извештајот на Институтот за германска економија, врз основа на податоците на Европската комисија, пренесува Танјуг. Најголем корисник на средствата на ЕУ, според различни причини, беше и минатата година Полска, која уплати 11,9 милијарди евра помалку во буџетот на Унијата отколку што доби од неа. Меѓу најголемите корисници се Романија со 5,6 милијарди и Унгарија со 4,4 милијарди. Најмногу пари по жител добиле Естонците – речиси 678 евра, а Литванците 612 евра.
Посебно е интересно што богатиот, но мал по население Луксембург, поради интензивните инвестиции во науката, лани од буџетот на ЕУ во просек повлекол по 669 евра по жител. Во периодот од 2014 до 2020 година, Германија плати нето од 13,5 милијарди, но со Брегзит, излегувањето на економски силната Велика Британија, најголемата европска економија мораше да го зголеми својот придонес. Евентуалниот влез на нови членки во ЕУ повторно би ја разгорел дебатата за буџетот, бидејќи станува збор за кандидати кои сите би биле корисници, а не плаќачи, се вели во анализата на ИВ. Така, Украина бележи само 53 отсто од стандардите на денешната најсиромашна членка на ЕУ, Бугарија, а на пример Косово само 49 отсто. Украина со над 40 милиони жители може да смета на помош од буџетот на ЕУ, што би ги надминало сите досегашни мерки.