Буџетот за наредната година утре ќе се најде пред Владата. Министерката за финансии Гордана Димитриска – Кочоска најави дека тој ќе биде развоен со фокус на инвестициите, запазена социјална компонента а капиталните расходи се проектирани на 44 милијарди денари или 712 милиони евра. Растот на БДП и буџетскиот дефицит се поставени со Фискалната стратегија и изнесуваат 3,7 проценти раст и 4 проценти дефицит.

Во однос на јавниот долг посочи министерката Димитриеска – Кочоска посочи дека на крајот на годината  ќе биде најверојатно на ниво од 64%, но тоа ќе зависи од реализацијата на крајот на годината, односно обврските кои ќе бидат доставени за исплата.

Околу инвестициите таа се осврна и на Коридорите 8 и  10Д за кои кажа дека очекува поголема активност и степен на реализација.

Во однос на платите министерката за финансии соопшти дека раст на платите ќе има во образованието и здравството, а во однос на минималната плата наведе дека треба да биде врзана со продуктивноста.