Владата го донесе новиот текст на одлуката за давање согласност на „Програмата за измени и дополнувања на среднорочната програма за работа на Фондот за иновации и технолошки развој за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија за 2018-2020 година“.
Со предложените измени се предвидува проширување на буџетот на планираните јавни повици за технолошки развој од планот за економски раст, како и проширување на буџетот за финансирање проекти во рамките на тековниот повик за комерцијализација на иновации. Со овие измени директно или индиректно се таргетирани помеѓу 170-200 компании (во зависност од буџетите и конечната одлука на Комитетот за одобрување кофинансирање) од пристигнатите 487 апликации.
Вкупниот обем на планирани инвестиции кај овие компании е малку над 87 милиони евра, од кои 67 отсто или над 58 милиони евра се побарано учество на Фондот, а 33 отсто или околу 29 милиони евра се сопствени средства, кои апликантите планираат да ги вложат во домашната економија. Иницијално предвидениот буџет за овој јавен повик е 5 милиони евра, со што аплицираниот износ се надминува речиси 12 пати.