Францускиот буџетски дефицит се намали во 2017 година на 2,6 отсто од бруто домашниот производ, што е повеќе од што се очекуваше.

 

Тоа е првпат во последните 10 години, кусокот во државната каса да биде во рамки на пропишаниот лимит на Европската унија од три проценти, соопшти Државната канцеларија за статистика.

 

Владата имаше цел дефицитот да изнесува 2,9 отсто од БДП.