Бугарија, согласно општиот став на ЕУ, најави дека ќе инсистира на плаќање како досега, во долари или во евра
Веста ја потврдил и министерот за енергетика на Бугарија, Александар Николов.
Известувањето стигнало во петокот вечерта и во него се наведува дека компанијата во иднина очекува плаќање за гасот исклучиво во рубљи.
Бугарија, согласно општиот став на Европската Унија, најави дека ќе инсистира на плаќање како досега, во долари или во евра. Бугарскиот договор подразбира плаќање во американската валута.
Според прогнози на економисти, цената на гасот нема да почне да паѓа во скоро време.
Руската амбасада во Бугарија денеска го прикажа и новиот редослед на плаќања за испораките на руски гас преку графикон на својата фејсбук страница.
На 1 април 2022 година, Руската Федерација писмено ја извести бугарската страна за воведување нов редослед на плаќање за испораките на руски гас за голем број земји, вклучително и Бугарија, според кој тие ќе се вршат во рубљи преку посебна сметка во Газпромбанк.Русија продолжува да испорачува гас во целост, во согласност со сите нејзини обврски од постоечките договори“, се вели во соопштението на амбасадата.