Бугарија комуницира со компанијата Tesla за потенцијално вложување на американскиот производител на електрични автомобили во фабрика во оваа земја, јавуваат локалните медиуми, цитирајќи го министерот за економија, Емил Караниколов.

„Имаме две амбиции: првата е производство на автомобили, а втората е производство на батерии за електрични автомобили“, цитиран е Караниколов во интервју објавено минатата недела од порталот 24chasa.bg.

Караниколов додал дека Бугарија е подготвена да започне со производство на делови за автомобилите на Tesla, но фабрика за автомобили или електрични акумулатори ќе биде подобра опција. Бугарија, исто така, се надева дека ќе привлече инвестиции од јужнокорејскиот производител на автомобили Hyundai Motor Company, изјави Караниколов.

Испративме писмо до нивната европска канцеларија и очекуваме одговор“, изјави тој.

Минатиот месец, Tesla најави дека планира да отвори станица за полнење во градот Пловдив, прва во Бугарија во 2020 година.