Многу луѓе ќе се изненадат, но факт е – каматните стапки на станбените кредити во Бугарија моментално се меѓу најниските во цела Европа. И така е со месеци. Насекаде околу нас врие и зоврива, каматите растат, додека бугарските банки, продолжуваат да нудат хипотекарни заеми со примамливо добри услови.
Неодамна објавените споредбени податоци за пазарот на станбени кредити во Европа покажуваат дека во март низ ЕУ само Малта имала пониски каматни стапки. Според статистиката на БНБ, за истиот месец се доделени кредити за нов дом во лева со просечна каматна стапка од 2,54 отсто. И банките во Германија склучија договори за хипотека со камата од околу 3,8 отсто.
Споредбата со поблиските земји, како Романија и Полска, открива уште подрастични разлики – таму хипотекарните каматни стапки беа над 8 отсто, а во Унгарија – дури 10,52 проценти. Во Европа, ЕЦБ и другите централни банки незапирливо ги зголемуваат клучните каматни стапки (RBI) за да се борат против инфлацијата. Тоа доведува до сериозно зголемување на цената на кредитите и за бизнисите и за домаќинствата.
За да се олади кредитната хиперактивност на банките, централната банка веќе одлучи од 1 јуни да го зголеми од 5 на 10 отсто износот на минималните резерви што банките се обврзани да ги издвојат.
Од 1 јули ќе има уште еден ваков чекор на стегање – зголемување на резервите од 10 на 12 проценти, анализира „Сегабгњус“.