Халкбанк АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување на Банката.
„Врз основа на алинеја 4 од став 1 член 166-б од Законот за хартии од вредност, согласно Решението на Гувернерот на Народна Банка на Р. Северна Македонија издадена е претходна согласност за реименување на г-ѓа Букет Геречџи за период од 2 години, сметано од 06.08.2021 година. Промените се упишани во Централниот Регистар на Р. Северна Македонија на 12.08.2021 година”, се вели во соопштението на Халкбанк АД Скопје.
Г-ѓа Букет Геречџи ќе продолжи да ја извршува функцијата Извршен Директор на Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје и во наредните две години.
Сегашниот состав на Одборот на директори на Халкбанк АД Скопје го сочинуваат:
- Др. Билал Суџубаши – Претседател на Управниот одбор и Главен Извршен Директор;
- Турхан Адеми – Извршен Директор во Управниот одбор;
- Букет Геречџи – Извршен Директор во Управниот одбор;
- Томче Тасевски – Извршен Директор во Управниот одбор;