Ново зголемување на минималната плата нема да има се додека не се види дали економијата ќе може да издржи уште еден раст, тврди вицепремеирката Царовска. Вчера текстилците побараа државата да се воздржи од ново покачување, зашто ако тоа се случи тоа може да дојде до крах на оваа индустрија која и без тоа има потешкотии во работењето. Царовска уверува дека во следниот период приоритет ќе биде подобрување на продуктивноста на компаниите.
Експертите веќе посочија дека анализите покажуваат оти минималецот не повлече раст и на останатите примања поради што помалку продуктивните работници се изедначиле со платите со оние со повисоки квалификации.
Претходно и меѓународните финансиски институции предупредија дека зголемувањето на минималната плата нема да помогне за намалување на сиромаштијата, а може да доведе до отпуштања.
Од друга страна, пак, синдикатите тврдеа дека минималецот треба да изнесува 60 отсто од просечната плата или најмалку 15 илјади денари.
Во моментов минималната плата изнесува 14. 500 денари. Овој износ го добиваат околу 100 илјади работници во земјава.