Со ваква одлука Комерцијална банка АД Скопје придонесува за поголема ликвидност државата и нејзиниот буџет коишто се целосно ставени во функција на справување со коронавирусот и поддршка на приватниот сектор- соопштија од владината прес-служба.
Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска јавно се заблагодари на Комерцијална банка АД Скопје за извршената уплата на 120 милиони денари одеднаш по основ на аконтативен данок на добивка за 2020 година.
-Комерцијална банка уплатата ја направи предвреме имајќи го во предвид развојот на состојбите и сериозноста и опасноста на ширењето од КОВИД-19 што укажува на високата свест и одговорност на оваа компанија. Со ваква одлука Комерцијална банка АД Скопје придонесува за поголема ликвидност државата и нејзиниот буџет коишто се целосно ставени во функција на справување со коронавирусот и поддршка на приватниот сектор- соопштија од владината прес-служба.