2022-03-26 14:00
На иницијатива на Народната банка, а заради создавање услови за поддршка на развојот на финтек-секторот, финансиските регулатори ‒ Народната банка (НБ), Министерството за финансии (МФ), Комисијата за хартии од вредност (КХВ), Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување (МАПАС) и Агенцијата за супервизија...2022-03-26 13:00
По целодневна дебата за изнаоѓање заеднички пристап за спречување на зголемените цени на енергенсите, лидерите на 27. членки на ЕУ се согласија да работат на доброволно заедничко купување гас и водород за да ја намалат цената во преговорите и рекоа дека платформата за купување...2022-03-26 12:00
Дијагностициран ѝ е висок крвен притисок, болки во нозете, а шеќерот ѝ варира, овие дијагнози ги заработила текстилната работничка Снежана Костадиновска во изминатите 37 години низ штипски конфекции. Педесет и осумгодишната Костадиновска најдобро ја опишува работата на една текстилна работничка, 30 години работела на...2022-03-26 11:00
Министерот за економија, Крешник Бектеши и министерот за енергетика на Бугарија, Александар Николов, денеска копретседаваа со Работната група за соработка во областа на инфраструктура, транспортот и енергетиката, помеѓу Македонија и Бугарија. Како што информираат од владината прес-служба, на состанокот се разговарало за продлабочување на...2022-03-26 10:00
Поради инвазијата на Русија во Украина, ЕУ годинава има за цел да ја намали зависноста од руски гас за две третини, а целосно да се откаже од рускиот енергенс до 2027 година. Русија сега снабдува околу 40 отсто од потребите за природен гас во...2022-03-26 09:00
Првиот лет ќе се реализира во 05.30 часот кога на Меѓународниот аеродром Скопје треба да пристигне авионот на компанијата „Гуливер“. Авионското поврзување меѓу Скопје и Софија е првиот конкретен чекор на соработката што ја најавија по првата средба премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков...2022-03-26 08:01
Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за два денара по литар, а цените на останатите горива остануваат исти, одлучи вечерва Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,85 отсто....2022-03-25 21:00
Не се очекува земјава да има посериозни проблеми по одлуката на Путин гасот од Русија да се купува во рубљи. Проценките на домашните аналитичари се дека целта на ваквиот потег на Москва е да се зголеми побарувачката за руската валута на девизниот пазар и...2022-03-25 20:00
Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“, во петок, 25 март, во хотелот „Солун“, во 15 часот, организира настан на кој официјално ќе бидат доделени сертификатите на првата група социјални ментори (ментори за работна интеграција) од Македонија. Создавањето услови за инклузивни работни места ќе...2022-03-25 19:00
И денеска РКЕ ќе заседава и ќе донесе нова одлука за цените на горивата. Новите цени на горивата ќе важат од вечерва од полноќ, а кои ќе бидат истите дополнително ќе информираме. „Предусловите се исполнети и денеска ќе има нова одлука која ќе биде...