Исплатата на пензиите започнува на 27 јули

2021-07-21 11:00

Денеска е усвоена информацијата за исплата на пензии за јули 2021. Пензионерите може да располагаат со јулските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 27-ми месецов, како и да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во...

Програмерите повторно најплатени во Македонија

2021-07-21 10:00

И повторно програмерите со највисоки, а текстилните работници со најниски плати. Според податоците кои ги објави Државниот завод за статистика, на врвот, со највиски примања убедливо се програмерите. Тие земаат во просек над 72.000 денари, што е раст за 10 отсто во однос на...

Пад на биткоинот под 30.000 $ – втор пат за еден месец?!

2021-07-21 09:00

Водечката криптовалута биткоин падна под 30.000 $ во вторникот, првпат од 22 јуни, по вчерашните агресивни распродажби на глобалните берзи. Биткоинот падна за скоро 4 проценти на 29.600 американски долари, со што се раздели вкупниот пазар на криптовалути за вредност од околу 98 милијарди...

Правда за штедачи: За двa дена се планира стечај за Галафарм, треба да се спречи

2021-07-21 08:30

Фирмата за трговија и услуги Нико фарм ДООЕЛ Скопје се јавува како заинтересирана страна за добивање на лиценцата за марихуана за медицински цели која ја поседува фирмата должник во Еуростандард банка – Галафарм. Нико фарм е основана на 28 септември 2020 година со депонентна...

28.721 денар е просечната нето-плата за мај 2021

2021-07-20 19:00

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај 2021 година изнесува 28.721 денар. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај 2021 година, во споредба со мај 2020 година, изнесува 108.8. Ваквото зголемување се должи,...

ВИДЕО: Охридска се присоедини кон Шпаркасе Банка

2021-07-20 18:01

Охридска банка АД Скопје се присоедини кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје. Со ова интегрираната Шпаркасе Банка Македонија АД – Скопје, припаѓа во групата на големи банки заземајќи ја 4-та позиција на банкарскиот пазар. Шпаркасе Банка Македонија ја прошири својата клиентска база и го...

Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје

2021-07-20 17:00

Халкбанк АД Скопје е брзорастечка банка составена од тим од млади, амбициозни и мотивирани вработени. Во согласност со својата стратегија, банката е секогаш отворена за нови, едуцирани, трудољубиви, високо мотивирани и талентирани кандидати за вработување. Истовремено, на членовите на тимот, Банката им нуди одлични работни...

Владата предлага закон со кој се дозволува извоз на марихуана

2021-07-20 16:00

Македонската владата го одобри Предлог-законот за контрола на наркотични дроги и психотропни супстанции, што треба да овозможи извоз на сушен цвет на канабис. Предлогот овозможува извоз на цветот добиен со одгледување канабис за медицински цели, дозволувајќи им на производителите на канабис да пласираат веќе...

Недела неработен ден помина на Комисија, синдикатите бараат 100 % надомест на оние кои ќе работат во недела

2021-07-20 15:00

Предлог законот за недела неработен ден го помина комисискиот филтер во Собранието. Опозицијата со критики дека власта со ова си право само пи-ар и дека недела како неработен ден го има во колективните договори, но и дека ова е можно алиби за натамошно отпуштање...

Правда за штедачи: Во фирмите на Галафарм завршиле 8,2 милиони евра од украдените пари од Еуростандард банката

2021-07-20 14:00

Освен веќе утврдените долгови на четирите поврзани фирми во групацијата Галафарм од 2,55 милиони евра, во фирмите Галфарм и Галафарм 2 преку трансакции во вид на позајмици од фирми должници во Еуростандард банка, завршиле дополнителни околу 5.670.000 евра. Со тоа, вкупната загуба односно покрадени...