„Лидл” ќе инвестира 500.000 евра – германскиот супермаркет влегува во нашата земја!

2021-05-07 06:38

По влегувањето во Словенија, Хрватска и Србија, германскиот трговски синџир „Лидл” ќе го отвори својот прв супермаркет и во Северна Македонија, објави специјализираниот портал „Јуропеан Супермаркет Магазин” (ЕСМ), со седиште во ирскиот главен град Даблин. Според ЕСМ, германската компанија минатиот месец регистрирала своја подружница...

Андреева: Парафискалните давачки поголеми од годишните даноци на компаниите

2021-05-06 21:00

Парафискалните давачки за компаниите претставуваат двојно поголем трошок на годишно ниво отколку сите тековни даночни обврски, вели во своето денешно гостување во емисијата Економски Магазин на Алсат, Александра Андреева од Сојузот на стопански комори. Како што појаснува таа, станува збор за давачки коишто се...

Оштетени штедачи: Дали молкот за Црвенковска значи одобрување на криминалот и корупцијата во Македонија?

2021-05-06 20:00

Не покрадоа во време на пандемија и ни го земаа целиот наш имот доверен во лиценцирана и контролирана банка. Истражувањата на Галуп покажуваат дека на секое второ лице во светот му се намалиле приходите поради пандемијата на коронавирусот, а луѓето во сиромашните земји се...

ФИТР со ефективна поддршка за компаниите, заклучок од импакт евалуацијата на „Фајнанс Тинк“

2021-05-06 19:35

  Според резултатите добиени од импaкт евалуацијата на „Фајнанс Тинк“, презентирани на денешната панел дискусија во рамките на економскиот форум: „Субвенциите создаваат подобри претпријатија? Или подобрите претпријатија добиваат повеќе субвенции?“, финансиската поддршка која е дoделена преку ФИТР е ефективна и треба да ја задржи...

Ковид-кредитите дополнителна терапија за стопанството

2021-05-06 19:00

Секоја помош, поддршка или мерка што се презема од страна на државата, а која е насочена кон стопанството во овој кризен пандемиски период е добредојдена, велат бизнисмените, истакнувајќи дека за компаниите што имаат идеи и успеваат да остварат раст и нови вработувања грантовите ќе...

Владата ќе не задолжи со нови 41 милион евра!

2021-05-06 18:00

Министерството за финансии за наредната недела закажа аукција на хартии од вредност со која планира да повлече нови 2 милијарди и 540 милиони денари односно 41 милион и 300 илјади евра Владата годинава издаде и еврообврзница во вредност од 700 милиони евра. Јавниот и...

Комерцијална Банка: Пресметката за данок од доход од дивиденда за 2020 достапна и на www.banka.com.mk

2021-05-06 17:00

Комерцијална банка ги потсетува своите акционери (физички лица–резиденти) кои во исто време се и корисници на електронско банкарство на Банката дека имаат можност откако ќе се најават на www.banka.com.mk на едноставен и брз начин да ја симнат Пресметката на данок на доход од дивиденда исплатена во...

Халкбанк ги објави најинтересните фотографии од предизвикот #EcoYogaTree

2021-05-06 16:00

Халкбанк ги објави најинтересните фотографии на предизвикот по повод „Денот на планетата Земја“ Халкбанк, како дел од коалицијата „Priceless Planet“, со Mastercard организираше многубројни активности за подигнувањето на свеста за зачувување на планетата Земја. Во предизвикот #EcoYogaTree, кој беше објавен на социјалните мрежи, Халкбанк...

Извозот со раст од 29 % во првиот квартал, увозот 24,6 %

2021-05-06 15:00

Извозот на стоки од земјава во првиот квартал годинава бележи раст од 29 отсто во однос на тој период лани, објави Државниот завод за статистика. Според објавените податоци вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – март 2021...

Величковски: Со Законот за платежни услуги и платни системи ќе се отвори пазарот за нови играчи од финтек-секторот

2021-05-06 14:30

Во Нацрт-законот за платежни услуги и платни системи се транспонираат голем број директиви и регулативи на Европската Унија во сферата на плаќањата, со што очекуваме дека ќе настанат значајни промени во однос на проширувањето на листата на даватели на платежни услуги и сетот платежни...