На шпекулациите дека „пропаѓа”, Стопанска банка АД – Скопје одговори со профит од 9,2 милиони евра за три месеци

2021-04-13 08:04

Во првиот квартал од 2021 година Стопанска банка АД Скопје продолжи со остварување успешни финансиски резултати. Имено, и покрај големите предизвици што пандемијата на ковид-19 веќе подолго од една година им ги наметнува на сите економски фактори и многу пошироко, финансиските резултати на Стопанска...

Во 2020 вкупно одобрени биле околу 180 милиони евра за спас на фирмите од Ковид-19, најмногу давала Владата

2021-04-12 20:00

Државата со околу 180 милиони евра севкупно ги помогнала претпријатијата, односно стопанството, во справувањето со Ковид-19 во текот на 2020, доколку се земат посебните ставки за доделување на државна помош што ги објави Комисијата за заштита на конкуренцијата во годишниот извештај. Владата одвоила најмногу...

Докуп на стаж бараат 1.500 осигуреници

2021-04-12 19:00

Од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување велат дека за докуп на стаж, во согласност со Законот за дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, потребно е осигуреникот да бил во редовен работен однос, односно на работа, врз основа на која бил пријавен...

Стрип од првата едиција за Супермен продаден за 3,25 милиони долари

2021-04-12 18:00

Првиот број на стрипот „Супермен“, кој беше објавен во јуни 1938 година и чинеше само 10 центи, продаден е за 3,25 милиони долари, што е највисоката сума досега платена за еден стрип. „Супермен“ беше отпечатен во стотици илјади примероци, а се верува дека до...

ФИТР: Од 706 пријавени дури 540 компании аплицираат за прв пат на јавните повици на Фондот

2021-04-12 17:00

Од 706 пријавени на јавниот повик за кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст, дури 540 се компании кои аплицираат за прв пат на некој од јавните повици на ФИТР, додека 207 се стартап компании, покажува првичната анализа на Фондот за иновации...

Костовски: Се уплашија некои луѓе кога видоа дека заздравувањето на Еуростандард оди многу брзо

2021-04-12 16:30

Јас сум акционер, немам врска со конкретното водење на дневна база на банката, ниту сум учествувал во кредитната политика, ниту во банката, ниту сум се мешал кај Управниот одбор, материјалите секојпат беа припремени од правната служба која беше под контрола на стариот Управен одбор...

Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста

2021-04-12 16:00

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,76 % во однос на Одлуката за изменување на одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива...

Бјерде од Светската банка: Банкарскиот систем е стабилен – тоа е клучно за севкупната македонска економија

2021-04-12 15:37

Претпазливото управување со ризиците и соодветната регулативна рамка, усогласена со најдобрите меѓународни стандарди, му овозможија на банкарскиот сектор да ја дочека корона-кризата со силна капитална и ликвидносна позиција. Отпорноста на банкарскиот сектор се потврди изминатата година, преку одржување на сите показатели на солидно ниво....

Панета: ЕЦБ не смее да го одложува забрзувањето на инфлацијата

2021-04-12 14:00

Членот на управниот одбор на регулаторот предупреди дека економијата на блокот можеби претрпела поголема штета отколку што може да се види во моментов. Европската централна банка (ЕЦБ) не треба да прифаќа понатамошни одложувања во забрзувањето на инфлацијата назад до нејзината цел под, но близу...

Во тек се преговори за уште 15 нови инвестиции кои тежат 250 милиони евра

2021-04-12 13:00

Во првите три месеци од годинава се потпишани договори со три странски компании со вкупен износ од 50 милиони евра, а во тек се преговори за уште 15 нови инвестиции кои тежат 250 милиони евра. Канадската „Магна“ која ќе гради нова фабрика во ТИРЗ Струга...