Доларот продолжува да ја губи вредноста!

2020-12-29 19:00

Доларот потона уште подлабоко во однос на еврото денес, бидејќи го зајакна апетитот на инвеститорите за поризични валути по одлуката на Претставничкиот дом да ја зголеми финансиската помош за граѓаните од 600 на 2.000 долари. Доларот падна за 0,35 проценти во однос на ривалските...

Германската економија досега загуби над 212 милијарди евра поради пандемијата

2020-12-29 18:00

Германската економија досега загуби повеќе од 212 милијарди евра поради пандемијата на коронавирус, а се проценува дека загубата ќе изнесува 391 милијарда евра до крајот на кризата, пишува германскиот весник „Велт“. Економистите од германскиот институт за економски истражувања (DIW) го споредуваа прогнозираниот раст со...

Проект на УСАИД: Се подобрува перцепцијата за бизнис климата, но се уште е на ниско ниво

2020-12-29 17:30

Перцепцијата за бизнис климата е на ниско ниво и покрај тоа што бележи подобрување. Подобрување бележи и поддршката од страна на државата, но се уште е само 26 отсто, сепак ситуацијата е подобра во споредба со другите држави од Западен Балкан и кај нас...

Колку должи македонската економија?

2020-12-29 17:00

Анализата на вкупната нето финансиска вредност на домашната економија покажува дека македонската економија во периодот од 2013 до 2019 година има нето должничка позиција, како резултат на поголемиот раст на обврските во однос на средствата, што е вообичаено остварување и во останатите земји во...

Директорот на Агенцијата за странски инвестиции од Костал – Охрид најави нови работни места

2020-12-29 16:30

Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Дејан Павлески вчера попладне ја посети компанијата „Костал” во Охрид каде оствари средба со директорот Виктор Мизо. Посетата, како што соопштија денеска од Агенцијата за странски инвестиции, следува по состанокот што пред десет дена...

Грција продолжува со предвременото враќање на кредитите кон ММФ

2020-12-29 16:00

Грција ја почна постапката за враќање на 3,6 милијарди евра на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), изјави министерот за финансии Кристос Стаикурас. Грчкиот министер кажа дека станува збор за предвремено отплаќање на заемите чиј рок за исплата истекува во 2021 и 2022 година. Грција на...

Бачовски: Исплатени 377,7 милиони денари за откупено грозје за винската индустрија!

2020-12-29 15:00

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој заедно со Генералниот секретеријат на Владата денеска на сметките на 8.780 лица им исплати вкупно 377,7 милиони денари за „Ковид 19“ мерката за откупено грозје за винската индустрија. Директорот на Агенцијата Никица Бачовски изјави дека...

Македонците на храна и пијалоци трошат 43,1%, додека европскиот просек е 13%

2020-12-29 14:00

За „храна и безалкохолни пијалоци“ домаќинствата во земјава потрошиле 43,1 процент, за „станарина, вода, електрична енергија, гас и други горива“ – 10,8 проценти и за „сообраќај“ – шест проценти, од вкупно употребените средства во 2019 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Околу...

Директорот на статистика на ММФ: Статистиката на финансиските сметки претставува големо достигнување на НБ!

2020-12-29 13:30

Објавувањето на статистиката на финансиските сметки претставува големо достигнување за кое е потребен голем напор и посветеност при прибирањето и дисеминацијата на податоците. Ова достигнување е едно од многуте во процесот на пристапување кон највисокиот стандард за дисеминација на ММФ, СДДС плус. Само 25...

Народната банка за првпат објави статистички податоци за годишните финансиски сметки на македонската економија

2020-12-29 13:00

Народната банка за првпат објави статистички податоци за годишните финансиски сметки на македонската економија Статистиката на финансиските сметки е исклучително важна и воедно една од најкомплексните статистики. Податоците се изработени согласно со меѓународните и европските статистички стандарди и се значајна аналитичка алатка и важен...