Заев: Со 70 милиони евра поддршка на 83 000 работни места

2020-11-08 10:00

Со седумдесет милиони евра ќе бидат поддржани 83 000 работниместа и ќе се субвенциониарат 250 000 плати, вели во објава на Фејсбук премиерот Зоран Заев. Тој истакнува дека вложуваат максимална посветеност, внимание и труд за што побезболно справување со ефектите од досега најголемата здравствено-економска...

Идната недела исплата за „Викенд без ДДВ“, стартува антикризната мерка за плати

2020-11-08 09:05

Стартува реализацијата на четвртиот пакет антикризни мерки, откако беа изгласани законите со кои фирмите со загуби поради ковид пандемијата повторно ќе добијат поддршка од државата за исплата на плати за октомври, ноември и декември годинава. Поддршката по вработен ќе изнесува од 14.500 до 21.776...

Зошто имаме режим на стабилен девизен курс на денарот во однос на еврото?

2020-11-07 20:00

Изборот на режим на девизен курс зависи од структурните карактеристики на една економија, кои не се менуваат брзо, а дел од нив и не можат да се променат. Тековниот режим на стабилен девизен курс на денарот кон еврото е адекватен и соодветствува со основните...

ФАО: Цените на храната во светот растат петти месец по ред

2020-11-07 19:00

Цените на храната растат петти месец по ред, што укажува на постепено закрепнување од шокот предизвикан од пандемијата, соопшти Организацијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО). Индексот на цените на основните прехранбени производи во октомври се искачи во просек на 100,9 поени, најмногу од јануари....

Нова финансиска поддршка за граѓаните најавува Владата

2020-11-07 18:00

Министерот за финансии, Фатмир Бесими на денешната прес-конференција во Владата информираше за новите финансиски мерки како поддршка за граѓаните на Северна Македонија. Како што истакна Бесими, ќе се овозможи голем број од работниците да ги зачуваат своите работни места и ќе има дополнителни 70...

На фирмите кои ја злоупотребија државната помош за плати блокирани им се сметките и се води истрага

2020-11-07 17:06

На сите компании кои ја злоупотребиле финансиската помош за исплата на плати од третиот пакет мерки блокирани им се сметките, а на дел од нив им биле повлечени и средствата кои ги добиле, информираше денеска директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Сања Лукаревска,...

Странските компании во земјава погодени од карантинот во Европа – ќе се отпуштаат ли работници?

2020-11-07 16:00

Рестриктивните мерки во Европа ќе се одразат на  работењето на странските компании, во земјава, главно на оние од автомобилската индустрија. Првиот удар го очекуваат за околу 10 дена. Но се надеваат дека нема да има отпуштања. Компаниите сега биле поподготвени од пролетта кога беше...

Првиот робот-инфлуенсер: Ја следат 300.000 и заработува вистински пари

2020-11-07 15:00

Во согласност со големиот технолошки напредок, луѓето за сè повеќе професии и работни места што ги извршуваат, ги добиваат своите неживи замени, во форма на компјутерски генерирани личности или, како што некои би ги нарекле, роботи. Затоа, немојте да се изненадите ако се покаже...

Федералните резерви на САД ја задржаа референтната каматна стапка на рекордно ниско ниво

2020-11-07 14:00

Федералните резерви на САД (ФЕД), без изненадување, ја задржаа својата референтна каматна стапка на рекордно ниско ниво во опсег од нула до 0,25 проценти и ќе ја одржуваат така сè додека не се опорави пазарот на трудот, се вели во соопштението на банката. Монетарниот...

Осигурителен пазар во регионот: Словенија и Србија растат, другите паѓаат

2020-11-07 13:00

Осигурителниот пазар во Централна и Источна Европа забележа пад на бруто полисираната премија од 3,8 проценти во периодот јануари-јуни 2020 година, при што на пет пазари има позитивна динамика, а на другите пазари се забележува пад. Бруто полисирани премии на пазарот на осигурување во...