За првите 6 месеци реализирани се само 22,51% од капиталните расходи

2020-07-20 19:00

Во првите шест месеци од годинава реализацијата на капиталните расходи во буџетот е 22,51 отсто. Според објавените податоци на Министерството за финансии, од предвидените 319.921.656 евра заклучно со 30 јуни 2020 година реализирани се 72.007.831 евра. Во Владата реализацијата на капиталните расходи се 15,72...

Голем број фирми ги искористиле бескаматните кредити

2020-07-20 18:00

Барање за продолжување на поддршката и во наредниот период, доставија денеска претставници од угостителската и туристичката дејност кои се сретнаа со вицепремиерката Мила Царовска и владиниот економски тим. На средбата, како што соопшти Кабинетот на Царовска, се разговарало и за предизвиците во работењето на...

Уште десет дена трае рокот за поднесување барања за субвенции за Програмата за директни плаќања

2020-07-20 17:00

Уште десет дена трае рокот за поднесување барања за субвенции за Програмата за земјоделство 2020 година, поточно до 31 јули, информира Министерството за земјоделство. Во овој период се поднесуваат барања за директни плаќања за растително производство, и тоа за полјоделски и градинарски култури, лозови...

За еден денар се намалува акцизата на бензините, во најава намалување и кај дизелот

2020-07-20 16:32

Зголемувањето на цените на бензините на светските берзи го активираа механизмот за постепено укинување на воведена акциза како кризна мерка за време на корона кризата.  За еден денар се намалува акцизата на бензините од 3 на два денари и заедно со намалувањето од половина...

Meggle го затвора производството во Хрватска, се сели во Србија?

2020-07-20 16:00

„Мегле Хрватска“ во четвртокот објави дека ги реструктуира своите операции во Хрватска и дека ќе го затвори производството во Осиек до крајот на годинава, со што без работа ќе останат околу 160 вработени   Како што пренесуваат хрватските медиуми, германската група „Мегле“ е во процес на оптимизирање на целокупниот бизнис со цел поставување долгорочни одржливи деловни модели...

Шпаркасе банка Македонија доби 20 милиони евра од ЕБОР за кредитирање на локалните бизниси

2020-07-20 14:00

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) обезбедува кредитна линија во износ од 20 милиони евра на Шпаркасе банка Македонија, за кредитирање на локалните приватни бизниси и корпорации погодени од пандемијата на коронавирусот. Македонската економија е помалку зависна од туризмот во споредба со земјите...

САД: Дополнителната финансиска помош за невработените ја поттикнува потрошувачката во услови на криза

2020-07-20 12:00

Дополнителната финансиска помош што властите во САД им ја одобруваат на лицата кои ја изгубија работата поради пандемијата предизвикана од коронавирусот, ја зголеми потрошувачката и Американците купуваат многу повеќе за разлика од периодот кога работеле, покажуваат истражувањата. Секој жител на САД има право на...

Јовановски: Државата на сите страни расфрла пари позајмени од странство, а тие пари ќе завршат

2020-07-20 10:00

Главниот советник на Управниот одбор на Стопанска комора на Македонија за економски прашања, Зоран Јовановски преку статус на Фејсбук им порача на несовесните граѓани да ги почитуваат мерките против ковид-19 затоа што продолжувањето на здравствената ја продолжува и економската криза. „Каде и да се...

Од полноќ нови цени на горивата

2020-07-20 09:00

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги соопшти новите цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ. Минатата недела цената ЕУРОСУПЕР БС-95 се намали за 0,50 денар/литар, додека цените на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) останаа исти во однос на претходната...

Ова се најтргуваните акции на Македонска Берза за оваа недела

2020-07-19 19:00

Акциите на Комерцијална банка, Прилепска пиварница Прилеп, Алкалоид, Макпетрол и Стопанска банка Битола се петте најтргувани акции во период од 13-ти до 17-ти јули оваа година, покажува Неделниот преглед на Македонска берза. Прометот во текот на оваа трговска недела достигна вредност од 1.060.059 евра,...