Овие се најголемите ризици за светската економија

2019-10-09 16:00

Во истражувањето на Светскиот економски форум на 13.000 деловни лидери во повеќе од 130 земји, испитаниците ја оцениле „фискалната криза“ како водечки деловен ризик на глобално ниво. Сајбер нападите се втор најголем предизвик за директорите, најважен за европските и северноамериканските бизниси веќе втора година...

Намалување на невработеноста и забавување на економскиот раст на Западен Балкан

2019-10-09 15:00

Економската активност на Западен Балкан забавува, со континуиран пад на инвестициите и извозот во шест земји во регионот. Според проценката на новиот Редовен економски извештај на Светската банка, насловен како растечката неизвесност, растот ќе биде 3,2 проценти во 2019 година, што е намалување од...

Се воведува даночен календар за попредвидливо бизнис окружување

2019-10-09 14:00

Преку даночен календар, фирмите многу порано, шест месеци однапред, ќе ги знаат промените во даночната политика. Ова е исполнување на барањето на Стопанската комора на Македонија (СКМ), кое беше дискутирано вчера на работната средба на министерката за финансии Нина Ангеловска со претседателот на Комората...

Макотекс го продаде хотелот во Лагадин за 609.000 евра

2019-10-09 13:00

Според информациите новиот сопственик е Монтенегрин-Инн од Охрид. Акционерското друштво Макотекс на официјалната страна на Македонска берза објави дека е извршена продажба на хотелот кој се наоѓа во населбата Лагадин, а новиот сопственик е Монтенегрин-Инн од Охрид. Како што стои во соопштението на друштвото, ова е...

Трошоците за живот упорно растат, но не и платите

2019-10-09 12:00

Трошоците на животот во септември годинава, во споредба со септември лани, пораснаа 0,3 отсто, а индексот на цените на мало бележи намалување од 0,7 отсто, објави Државниот завод за статистика. Според податоците на заводот, трошоците на животот во септември годинава, во однос на претходниот...

Според предвидувањата: Многу банкари ќе останат без работа

2019-10-09 11:00

Како што неодамна можеше да се слушне на конференцијата Digital Difference in Banking во Лондон, после години стагнација и одбивање промени, многу банки денес инвестираат во нови технологии кои ќе им помогнат во борбата со fintech компаниите, додека на корисниците ќе им овозможат нови...

Разрешен Надзорниот одбор во Охридска Банка, по спојувањето со Шпаркасе

2019-10-09 10:00

Собранието на Охридска банка АД Скопје, на седницата која ќе се одржи следниот месец на 08.11.2019 година, донесе Предлог – одлука за разрешување на сегашните членови на Надзорниот одбор на Банката и именување на нови членови. Согласно Предлог – одлуката се разрешуваат досегашните членови на Надзорниот...

Наградна игра „Мој ДДВ, моја награда“

2019-10-09 09:00

Владата ќе организира наградна игра ,,Мој ДДВ, моја награда”.Мерката, како што соопштија од владината прес – служба, ќе генерира дополнителни приходи за граѓаните, а ќе ја спроведува Државната лотарија. И Владата на Заев ќе организира наградна игра со собирање на фисклани сметки наречена Мој...

Светска Банка: 500.000 луѓе се исслиле од Македонија

2019-10-09 09:00

Од Македонија се иселени половина милион граѓани или една четвртина од населението. Од нив две третини се работоспособни, а една третина се високостручни, најголем дел од ИТ секторот. Светските банкари предупредуваат – мора да се преземат чекори за да се спречи одливот на таленти...

Владата со ново задолжување и нови 53,6 милиони евра

2019-10-08 21:00

На официјалната страна на Народна банка на Република Македонија објавена е аукција од државни хартии од вредност од 3.300.000.000 денари односно 53, 6 милиони евра. Ова е едно од низата на задолжувања кои ги прави владата и Министерството за финансии. Имено ,експертската јавност континуирано...