Ќе се олеснува постапката за мали пратки

2019-10-27 18:00

Триесет и шест проценти од македонските граѓани со пристап до интернет вршат онлајн-нарачки. Во земјава има потенцијал за раст на е-трговијата, има услови, законодавството дава можност, оформен е и Електронскиот регистар на населението, а се најавуваат промени и во делот на мали пратки и...

Во Катастарот впишани 76% од 156.000 хектари државно земјиште без имотен лист

2019-10-27 17:00

Агенцијата за катастар на недвижности најави дека до крајот на годината ќе го впише целосно државниот имот за кој е утврдено дека нема имотен лист, а кој на крајот на минатата година изнесувал 156.000 хектари. Откако било утврдено дека државата нема имотен лист за...

„Нестле“: Светската популација расте, треба да ја смениме исхраната

2019-10-27 16:00

Зголемувањето на светската популација ќе бара прилагодување на исхраната на човекот со намалување на потрошувачката на шеќер, сол и производи од месо, сметаат во компанијата „Нестле“, која е еден од најголемите светски преработувачи на храна.  Имаме 7,5 милијарди луѓе, а населението сè уште расте...

Намалени цените на услугите на Катастарот

2019-10-27 15:00

Намалени се цените на услугите на Катастарот, што на граѓаните и компаниите им овозможува побрзо, поефикасно и навремено обезбедување на услугите. Во новите тарифници за услугите, за потенцирање е големото намалување на надоместоците кои изнесуваат и до 90 проценти. Надоместокот за запишување на инфраструктурни...

Прв фестивал на оризот во Чешиново

2019-10-27 14:00

Првиот „Фестивал на оризот во Чешиново, 2019“ ќе се одржи денеска во Екоетно паркот во селото Чешиново со почеток во 13 часот. Чешиново е лоцирано во срцето на Брегалничкиот Регион, карактеристичен по својот богат биодиверзитет, култура и долга традиција на одгледување ориз. За време...

Нова цена на горивата во Македонија по викендов

2019-10-27 13:00

Од понеделникот се намали цената на бензините од денар до денар и пол, а цената на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство остана непроменета. Според одлуката на Регулаторната комисија за енрегетика, ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава по пониска цена за 1,50 денари, а ЕУРОСУПЕР...

Заев: Просечната плата ја зголемивме за 2 илјади денари, ќе биде и 30.000 денари

2019-10-27 12:00

Растот на платите е прав пат, истакна претседателот Зоран Заев на граѓанската трибина во Прилеп. – Решивме со мудри чесни политики да обезбедиме раст на платит и граѓаните да добиваат повеќе пари. Следува ново покачување на минималната плата 14.500 денари. Тоа е 5.500 денари...

Џеф Безос не е повеќе најбогат човек на светот

2019-10-27 11:00

До четвротокот најбогат човек на светот беше Џеф Безос, основач и директор на Амазон кој поради падот на вредноста на акциите на својата компанија на Вол стрит во текот на завчерашниот ден се осиромашил за околу 3 милијарди долари. Имено, голем дел од имотот...

Само 5% од компаниите во Македонија се основани од жени

2019-10-27 10:00

Само пет отсто од бизнисите во земјава се основани од жени, а само 12 проценти од компаниите ги водат жени. Западен Балкан губи 16 отсто од растот на БДП поради малата вклученост на жените во бизнисот и затоа е неопходно нивна поголема инклузија во...

Македонците со најниска плата во регионот

2019-10-27 09:00

Највисоки просечни плати во регионот се евидентирани во Словенија и Хрватска, а најниските во Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина, покажуваат последните официјални статистички податоци. Според словенечкиот Завод за статистика, просечната нето-плата во таа земја изнесува 1.114 евра, јави Анадолија. Во исто време,...