До почетокот на март сите сточари во целост ќе ги добијат субвенциите

2024-02-08 18:00

До крајот на оваа недела ќе бидат исплатени 30% авансни субвенции за 2023 година. Од страна на Платежната Агенција, веќе се прибираат податоците од кланичните капацитети и млекарници, со цел навремено да се подготви и исплатата на дополнителните 70% од субвецниите за 2023 година....

Економските експерти предупредуваат на ризик од рецесија во Европа до крајот годинава

2024-02-08 17:30

Економските експерти се загрижени за ризикот од рецесија во европските земји до крајот на 2024 година, покажуваат резултатите од кварталното истражување на економските експерти (ЕЕС) објавено денеска од Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен и Швајцарскиот институт за економска политика. Во Европа очекувањата...

Откупувачите ги потпишаа анексите со зголемена цена на тутунот, откупот веднаш се интензивираше

2024-02-08 17:00

До Сојузот на земјоделските здруженија стигнаа потпишаните анекси на договорите на откупните фирми во земјава со кои потврдија дека ја зголемија цената на тутунот на 365 денари. Сојузот ова го постави како услов до денеска да стигнат потпишаните анекси на компаниите, во спротивно нема...

Македонија меѓу земјите со најнизок данок во Европа

2024-02-08 16:30

Даночните оптоварувања значително се разликуваат низ Европа, а тие оптоварувања за работниците се повисоки во западноевропските, поразвиени земји. Според американската „Даночна фондација“, европските работници со просечна плата во 2022 година издвојуваат една третина од својата плата за даноци. Како што објави „Еуроњуз“, земји со...

Преку проект на Светската банка ќе се модернизираат и ќе се поврзуваат платните системи на Западен Балкан

2024-02-08 16:17

Преку проектот на Светската банка за „Модернизација на плаќањата на Западниот Балкан“, во кој учествува Народната банка, како и останатите централни банки од регионот, со натамошна дигитализација и поврзување на земјите од регионот во областа на плаќањата, ќе се работи на олеснување на прекуграничното...

Ковачевски: Предвремено го реализиравме ветувањето за 500 евра плата, денес просечната плата е 630 евра

2024-02-08 13:28

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска ја посети компанијата Лапласт М, фирма со 45-годишна традиција на унапредување на производството, употреба на современи материјали, ефикасна монтажа и сервисирање на производите. При посетата, во разговор со вработените и со менаџментот, претседателот Ковачевски посочи дека потенцијалот на...

„UBS“ планира да ги рестартира своите програми за откуп

2024-02-08 10:30

Швајцарската банка „UBS“ соопшти дека ја завршила првата фаза од интеграцијата на банкротираниот конкурент „Credit Suisse“ и дека има корист од новите нето текови на средства. Покрај тоа, банката планира да ги рестартира своите програми за откуп на акции во втората половина на годината,...

Субвенции за растително производство

2024-02-08 10:00

Годинава за растителното производство се обезбедени субвенции од 2 милијарди денари. По 6.000 денари за хектар им следуваат на земјоделците за сите полјоделски култури. Дополнителна финансиска помош ќе добиваат оние што употребуваат сертифицирано семе или производството го предале во сопствени или други преработувачки капацитети....

Берлин се подготвува за национализација на „Роснефт“ во Германија

2024-02-08 09:45

Германската Влада се подготвува за евентуална национализација на имотот на руската компанија „Роснефт“ во Германија, во кој е вклучен и уделот во рафинеријата „Швед“, соопштија два неименувани владини извори. Според весникот „Ханделсблат“ германското Министерство за економија веќе ги прави потребните подготовки, а во разговорите...

Девизните резeрви на крајот на јануари се намалија на 4,33 милијарди евра

2024-02-08 09:39

Девизните резерви на крајот на јануари годинава изнесувале 4.337,3 милиони евра, соопшти Народна банка. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (56,4 проценти), по што следуваат валутите и депозитите (33,9 проценти) и монетарното злато (9,6 проценти).