Извештај од светските берзи за 03.05.2018

2018-05-03 11:15

  Федералните резерви на САД ја задржаа каматната стапка на сегашното ниво од 1,75%, а беше објавено дека инфлацијата се очекува да се движи околу целното ниво од 2%. Како реакција, американскиот долар достигна највисока вредност во последните четири месеци во однос на главните...

Дивиденда од 117 денари бруто по акција за 2017 година ќе исплати Стопанска Банка А.Д Скопје

2018-05-03 11:00

По донесената одлука на собранието на акционери на Стопанска Банка А.Д- Скопје  за 2017 година ќе се исплати  дивиденда за обични акции во вкупен бруто износ од 2.042.841.060,00 денари. Бруто дивидендата по акција ќе изнесува 117,00 денари. Датум на евиденција, според кој се определува листата на акционери...

Кој купи 1.000 акции од Комерцијална банка?

2018-05-03 10:26

    Комерцијална банка АД Скопје преку Македонската берза информира дека Хари Костов, главен извршен директор и претседател на Управниот одбор се стекнал со 1.000 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје.

Намалена добивката на “Триглав осигурување ” во првите три месеци од 2018 година

2018-05-03 09:44

  Триглав осигурување“ во првите три месеци од 2018 година оствари добивка од 9,3 милиони денари, што е неколкукратно намалување во однос на истиот период минатата година кога добивката на компанијата изнесувала 36,1 милиони денари, покажува билансот на успех на компанијата објавен преку Македонската берза.

Бизнис секторот бара либерализација на поштенските услуги

2018-05-03 09:21

Да не се одлага либерализацијата на пазарот на поштенски услуги бараат приватните поштенски оператори при ССК. Оттаму велат дека се додека само Македонски пошти како државен оператор ги испорачува пратките до 50 грама однсоно малите писма и сметките за комуналии, граѓаните не можат да...

Во блок трансакција продадени акции од Комерцијална Банка

2018-05-03 08:32

    Во блок трансакција вредна 4,6 милиони денари вчера на Македонската берза беа продадени 1.102 акции од Комерцијална банка АД Скопје. Акциите се продадоа по цена од 4.250 денари за акција.

Бројот на вработени во македонскиот банкарски сектор намален за 566 лица

2018-05-03 08:10

  Според најновите податоци на Народната банка  во 2017 година, бројот на лица вработени во банкарскиот систем се намали за 566 и изнесува 5.929. Најголемо намалување на вработените има кај една средна банка (за 53 лица) и една мала банка (за 21 лице). Од...

Денес НБРМ ќе ги објави најновите макроекономски проекции

2018-05-03 08:03

  Народната банка на Република Македонија денеска ќе ги објави новите макроекономски проекции за годинава. На прес-конференцијата во врска со редовната ревизија на макроекономските проекции ќе зборува гувернерот на НБРМ Димитар Богов.

Стопанска банка а.д. Битола за учесниците на Скопскиот маратон обезбедува Mastercard кредитна картичка со специјални услови

2018-05-03 07:56

Стопанска банка а.д. Битола традиционално и оваа година ја поддржува најмасовната спортска манифестација кај нас, Скопскиот Маратон кој ќе се одржи на 06.мај.   За оние кои ќе учествуваат и ќе бидат дел од трките, без разлика дали станува збор за трката на 5...

Биткоинот го забележа својот најдобар месец за оваа година

2018-05-03 07:47

Цената на биткоинот се зголеми за 33 отсто во април оваа година. Така април станува најдобриот месец во 2018-та година за најскапата виртуелна валута во светот. Биткоинот го започнува мај по цена од 9.244,32 долари, што е за 335 повеќе од цената од 6.926,02...