Покачувањето на пензиите е само статистичко и тие нема да донесат зголемување на примањата

2024-02-28 19:00

Покачувањето на пензиите е само статистичко, вели министерот за труд и социјала во техничката влада, Ѓоко Велковски. Тој посочи дека направена е пресметката за усогласувањето на пензиите и петте проценти кои пензионерите ќе ги добијат од следниот месец според него нема да донесат значително...

Зголемени трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување

2024-02-28 18:00

Во четвртото тримесечје од 2023 година во споредба со третото тримесечје од 2023 година трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 3,2 отсто, трошоците за материјали се пониски за 1,5 отсто, а трошоците за вработените се повисоки за 11,2 ...

Прехрамбените производи со повисоки цени, ќе се казнуваат неетичните трговци

2024-02-28 18:00

Покачување на цените на педесетина прехрамбени призводи ги чека граѓаните од петок. Престанува да важи гарантираната цена за лебот, јогурт, јајца, млеко, тестенини, сирење, дел од месните производи.. Колку дополнително ќе се удри по буџетот на граѓаните ќе зависи од трговците, но секое неетичко...

Лагард: Деинфлацискиот процес во моментов најверојатно ќе продолжи

2024-02-28 17:00

Гувернерката на Европската централна банка Кристин Лагард изјави дека инфлацијата во еврозоната ќе продолжи да забавува, но дека на неа и на нејзините колеги им требаат повеќе докази дека растот на цените се враќа на целта. Лагард им рече на пратениците на Европската унија...

Битиќи: Инспекции ќе следат дали ќе има нефер раст на цените

2024-02-28 16:00

Пазарните и трудовите инспектори од задутре ќе бидат на терен и за секое евентуално зголемување на цени што излегува од секоја нормална пазарна логика  соодветно ќе реагираме, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. На новинарско прашање како ќе се гарантира дека од...

МОН: Oд понеделник исплата на субвенциониран студентски оброк на неделно ниво

2024-02-28 15:00

Министерството за образование и наука известува дека почнувајќи од следната седмица, секој студент кој го остварува правото на субвенциониран студентски оброк на својата трансакциска сметка… Наместо на дневна основа, од следниот понеделник паричните средства за субвенциониран студентски оброк, ќе се исплаќаат одеднаш за шест дена во...

Пчеларите најдоа нов начин на заработка

2024-02-28 14:00

Освен со производство и продажба на мед, пчеларите од соседна Србија пронајдоа нов начин на заработка кој го практикуваат веќе неколку години. Така, наместо мед, тие собираат пчелин отров, чија цена достигнува и до неверојатни 100.000 долари по килограм. Се обидовме да дознаеме дали...

Финансирање на земјоделски производители

2024-02-28 13:00

Земјоделците имаат право на субвенции и од програмата за финансирање на земјоделски производители на храна за 2024 година. Грантот се однесува за инвестиции во набавка на опрема и користење на услуги за развој на семејни бизниси. Висината на финансиската поддршка е до 600.000 денари...

Bitcoin-от се приближува до рекорд, вредноста се зголеми за 10% за само една недела!

2024-02-28 12:30

Bitcoin (BTC) се искачи над 57.000 долари во вторникот, доведувајќи го на неверојатно растојание од неговиот историски максимум, бидејќи ентузијазмот за најголемата криптовалута во светот достигна нивоа последен пат забележани во 2021 година. Цената на најважната криптовалута сега е зголемена за цели 10 отсто...

ФЕД најверојатно ќе ги намалува каматните стапките полека и стабилно

2024-02-28 12:00

Постои изрека за тоа како Федералните резерви управуваат со каматните стапки – „го креваат ескалаторот нагоре, а лифтот надолу“. Овојпат работите најверојатно ќе се случат обратно, разочарувајќи ги инвеститорите кои се обложуваат на побрз пад, пишува „Bloomberg“. Постои изрека за тоа како Федералните резерви...