Европската централна банка ја прошири олабавената монетарна програма

2016-12-09 02:15

Европската централна банка (ЕЦБ) во четвртокот на редовната седница одлучи да ја прошири програмата за купување средства до крајот на 2017 година, но го намали месечниот износ до 60 милијарди евра, стои во соопштението од ЕЦБ. Исто така, ЕЦБ ја остави клучна каматна стапка непроменета на рекордно...

Кинеските девизните резерви паднаа на 3.050 милијарди долари, најниско ниво од 2011 година

2016-12-08 02:42

Девизните резерви на Кина во ноември паднаа, петти последователен месец, на 3052 милијарди американски долари, најниско ниво од март 2011 година, поради трошоците на владата, во обид да го запре падот на јуанот во однос на американската валута. Девизните резерви изминатиот месец се намалија за 69,06...

Еврото стабилно во близина на највисокото ниво во последниве три недели

2016-12-07 01:45

Еврото во вторникот на меѓународните пазари остана во близина на највисокото ниво во последниве три недели во однос на доларот, откако во понеделникот беше под притисок поради оставката на италијанскиот премиер Матео Рензи после неуспешниот референдум. Еврото во такви околности се тргува на 1,0781 $,...

Цената на нафтата над 55 долари за прв пат после 16 месеци

2016-12-06 04:29

Цената на нафтата во понеделникот на светските пазари, за прв пат во 16 месеци го надмина нивото од 55 долари за барел, како резултат на раширениот оптимизам кај трговците за намалувањето на прекумерната понуда откако ОПЕК минатата недела одлучи да го намали производството. На лондоскиот пазар цената...

Неделен преглед – Доларот падна од највисокото ниво во последните 14 години

2016-12-04 20:00

На меѓународните валутни пазари доларот во однос на кошницата валути минатата недела падна, откако недела предходно се искачи на највисоко ниво во речиси 14 години, затоа што растот на американската валута изгуби на интензитет. Курсот на еврото во однос на доларот минатата недела се зголеми за...

Цените на нафтата стабилни над 53 долари

2016-12-03 01:02

Цените на нафтата се стабилизираа на ниво од 53 долари во очекување на чекорите за имплементација на договорот и последиците од одлуката на големите производители да го намалат производството. На лондонскиот пазар цената на нафтата се намали за 81 центи во однос на претходниот ден на...

Шансите Италија да го напушти еврото најголеми од кризата во 2012 година

2016-12-02 02:17

Загриженоста на инвеститорите во врска со судбината на италијанската влада по референдумот во недела се гледа можност Италија да го напушти еврото. Всушност, според анкетата помеѓу инвеститорите на франкфуртскиот Sentix пренесени од страна на Ројтерс, шансите Италија да ja напушти еврозоната во следната година се зголемија за...

Охрабрувачките сигнали од Виена ја зголемија цената на нафтата над 50 $

2016-12-01 02:05

Цените на нафтата на меѓународните пазари скокнаа над 50 $ откако од Виена доаѓаат информации дека производството може да биде намалено повеќе од очекуваното. На лондонскиот пазар суровата нафта скокна за 3.83 $ во однос на претходното затворање и изнесуваше 50,21 $. На американскиот пазар...

Трамп и Brexit главните причини за сегашната неизвесност во економијата

2016-11-30 03:11

Геополитичките фактори, вклучувајќи го и изборот на Доналд Трамп и британската одлука на референдум за напуштање на Европската унија, се главните причини за сегашната неизвесност во економијата, предупреди челникот на Европската централна банка (ЕЦБ), Марио Драги. “Ако се земе во предвид она што се случи...

Цените на нафтата под 48$, во очекување на состанокот на ОПЕК

2016-11-29 02:36

Цените на нафтата во понеделникот на меѓународните пазари се стабилизираа под 48 $ во очекување на овонеделниот состанокот на клучните производители на кој би требало да се постигне договор за намалување на производството. На лондонскиот пазар цената на нафтата после пладне се зголеми за 38 центи...