НБРМ: На 29 и 30 ноември сите банки ќе работат

2023-11-27 19:00

Согласно со тековните информации на Народната банка во периодот од 29 до 30 ноември не се очекува прекин на клучните работни процеси на банките и на територијата на Скопје, односно сите банки ќе работат. Сепак, за работното време на одделните експозитури, имајќи го предвид...

Зголемувањето на минималната плата е меч со две острици – ќе се појави незадоволство во многу сектори

2023-11-27 18:00

Синдикатите предупредуваат дека растот на минималната плата од март идната година ќе направи хаос со останатите за нијанса повисоки плати, оти со најавеното покачување на 22.500 денари нема веднаш да се зголемат и другите плати. Тие бараат од Владата да гарантира дека покачувањето на...

Ковачевски: Со буџетот за 2024 година дополнителни 100 милиони евра за пензии

2023-11-27 17:00

Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека со буџетот за 2024 година за пензии предвидени се дополнителни 100 милиони евра повеќе од годинава, со цел понатамошно нивно зголемување согласно методологијата. Ковачевски, заедно со министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и заменик – министерката за...

13 милиони евра, од државниот буџет за подобрување на условите за живеење на локално ниво

2023-11-27 16:30

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заедно со министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и директорот на Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи одржаа заедничка прес-конференција по повод новите договори по Законот за рамномерен...

Новата распределба на буџетските средства ќе биде направена до 15 декември

2023-11-27 16:00

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, соопшти дека најавената нова распределба на буџетските средства ќе биде направена до 15 декември, и тоа во согласност со процената дали буџетските ставки се потрошени 100 проценти. Според него, станува збор за стандардна операција што се прави секогаш...

МЗШВ: Аплицирајте за дополнители директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади

2023-11-27 15:00

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги информираат  земјоделците производители на поледелски култури (пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афион), градинарски култури, овошје и грозје, дека во тек е поднесувањето на барања за дополнителни директни плаќања...

Нови цени на горивата

2023-11-27 14:45

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,50 % во однос на одлуката од 20.11.2023 година. Референтните...

НБ и МФ ги доделија наградите од Конкурсот за ученици посветен на Светскиот ден на штедењето

2023-11-27 14:28

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и заменик-министерот за финансии Филип Николоски денеска ги доделија наградите освоени од учениците во рамките на Конкурсот за избор на најдобри ликовни и литературни творби по повод Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври. „Конкурсот е дел од активностите на Народната...

Битиќи: Намалувањето 1.260 функционерски плати нема да им ги зголеми платите на 135.000 административци?!

2023-11-27 14:07

Работната група сè уште нема предлог како да се намалат функционерските плати, но вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, вели дека во јавноста се создава погрешна слика дека намалувањето на функционерските плати ќе им ги зголеми платите на другите. Вицепремиерот Битиќи објасни дека намалувањето...

Влада: Над 400.000 граѓани ќе бидат опфатени со антикризните мерки кои ќе се усвојат утре

2023-11-27 13:30

Над 400.000 граѓани, пензионери, ученици, студенти, самохрани родители, ќе бидат опфатени со антикризните мерки треба да бидат усвоени утре на седница на Владата, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Одговарајќи на новинарско прашање колку компании се блокирани поради неплатен данок на солидарност...