2024-04-23 11:30
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 106,09 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 106,03 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните...2024-04-23 11:24
Нашите претставници на Европскиот квиз на парите, учениците Кирил Китевски и Кристијан Лазароски, кои го освоија третото место на овој престижен меѓународен натпревар за млади во областа на финансиската писменост, остварија средба со Нејзиното Височество, кралицата Матилда од Белгија. Кралицата Матилда од Белгија која...2024-04-23 11:00
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за...2024-04-22 21:00
Многу наши сограѓани работеле по разни претставништва на хрватски, словенечки, српски компании. Од Фондот за ПИОМ велат дека стажот се собира за да се оствари минимумот од 15 години. Многу компании од поранешните југословенски републики имале претставништва во Македонија, а според своите политики, стажот...2024-04-22 20:00
На крајот на четвртиот квартал од 2023 година, јавниот долг на земјите од еврозоната падна од 89,9 отсто во претходниот квартал на 88,6 отсто, објави Евростат. Во Европската унија, јавниот долг на крајот на четвртиот квартал од 2023 година изнесува 81,7 отсто од БДП,...2024-04-22 19:00
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци. Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда,...2024-04-22 18:00
Глобалните трошоци за одбрана достигнаа рекордни 2,44 билиони (2,440 милијарди ) долари минатата година што претставува најголемо годишно зголемување навоените буџети во повеќе од една деценија. Зголемувањето од 6,8 отсто меѓу 2022 и 2023 година е најголемото од 2009 година, се вели во извештајот...2024-04-22 17:00
Австралиската компанија СтрикландМеталс одвои 37 милиони долари за купување на проектот Рогозна во Србија, кој располага со ресурси од 5,44 милиони унци златен еквивалент (околу 170 тони), пишуваат австралиските медиуми. Како што е наведено, за проектот за злато во Рогозна, СМ веќе има потпишано...2024-04-22 16:03
Малопродажната цена на дизел горивата од ноќеска на полноќ се намалува за 1,5 денари за литар, а бензините поскапуваат за еден до 1,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката...2024-04-22 16:00
Европскиот регулатор за енергетика го предупреди Брисел: Европскиот регулатор за енергетика „Ацер“ предупреди дека Европската Унија сепак мора да увезува течен природен гас (ТПГ) од Русија за да избегне енергетски шок. Ваквата реакција на енергетскиот регулатор на ЕУ следуваше откако некои членки на ЕУ...