Геоекономската фрагментација може да го намали глобалното БДП до 12%

2023-09-30 15:00

Геоекономската фрагментација е глобален ризик кој може позначајно да се одрази на глобалните трговски и финансиски текови, а со тоа и врз економскиот раст, особено кај помалите и помалку развиени економии. Проценките за загубите од долгорочното ограничување на глобалните текови на добра, услуги, финансии...

Бесими: Очекуваме поголем интерес од банките и институциите за зелената обврзница, за граѓаните нова граѓанска во октомври

2023-09-30 14:00

Аукцијата за зелената обврзница, за која проспектот беше објавен оваа недела, ќе се одржи на 3 октомври, во вторник, и за неа очекуваме поголем интерес, пред се, од банките и институции, иако е наменета и за граѓаните, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими во...

Заврши времето на стабилни цени на храната

2023-09-30 13:00

Во ситуација кога климатската криза значително се влошува и кога светот е со тенденција здраво да се подели на два стратегиски блока, веќе влегуваме во нова реалност, каде што намаленото производство (поради климатската криза) и затворањето на пазарите (поради гореспоменатата блоковска поделеност) ќе носат...

Бектеши: Непочитувањето на „гарантирана цена„ се случува во најголемите ланци супермаркети

2023-09-30 12:30

Министерот за економија, Крешник Бектеши истакна дека повеќе од десетина маркети низ државата се затворени поради непочитување на мерките на Владата за „гарантирана цена“ на производите. Затворени се трговски објекти од синџирите маркети во Скопје, Тетово, Гостивар, Кавадарци, Куманово, Струга. -Тоа се случува во...

Комерцијална банка ја поддржа Годишната конференција на Македонската берза

2023-09-30 12:00

Како иновативен лидер и прва банка што го усогласи своето работење со Кодексот за корпоративно управување, Комерцијална банка на свое големо задоволство и оваа година имаше чест да биде спонзор на Годишната конференција на Македонската берза. За успешна организација на конференцијата, Банката, покрај финансиска...

Њујорк ја задржа позицијата како водечки финансиски центар

2023-09-30 11:30

Њујорк многу лесно ја задржа позицијата на водечки финансиски центар, а Лондон го потврди второто место на глобалното рангирање, тесно надминувајќи ги Сингапур и Хонгконг, се вели во извештајот објавен во четвртокот. Њујорк е на самиот врв на глобалното рангирање од септември 2018 година,...

Нето надворешниот долг на крајот на вториот квартал 4.324 милиони евра

2023-09-30 11:07

На крајот на вториот квартал годинава нето надворешниот долг изнесувал 4.324 милиони евра (или 30,5 проценти од проектираниот БДП), соопшти денеска Народната банка.  Според податоците на НБ, нето надворешниот долг на земјата, во вториот квартал од 2023 година е зголемен за 121 милион евра,...

Пет економски институти прогнозираат пад на германската економија

2023-09-29 21:00

Според Заедничката економска прогноза на пет реномирани економски институти, растот на бруто домашниот производ на Германија годинава ќе биде негативен и ќе изнесува -0,6 отсто. Во соопштението објавено од ИФО, еден од институтите кои учествуваа во подготовката на извештајот, се нагласува дека има силна...

МФ: Издадени првите структурни обврзници – ги помагаме општините да се справат со финансиските предизвици

2023-09-29 20:00

Министерството за финансии денеска ги издаде првите структурни обврзници наменети за општините Желино, Тетово и Виница, а со кои се обезбедува средства со кои на општините им се овозможува да ги намират досепаните обврски и да ги зајакнат своите финансиски капацитети. Издавањето на структурните...

Во Новаци започна со работа најголемата фотоволтаична централа на Балканот

2023-09-29 19:00

Денеска свечено беше отворена приватната фотоволтаична централа „ФЕЦ Новаци“, која во моментов е и најголема на Балканот. Со вкупен капацитет од 55 мегавати, проектирано е годишно да произведува 85.000 мегаватчасови струја, што според Владата претставува „електрична енергија која е доволна за задоволување на потребите...