Курсот на доларот надмина 100 рубљи!?

2023-08-14 13:00

Курсот на доларот на Московската берза за прв пат од 23 март 2022 година стана трицифрен. Трансакциите со порамнувања „утре“ во 09,20 часот по московско време се склучуваа по 100,19 рубли за долар со пораст на стапката од 0,8% во однос на затворањето на...

Германските медиуми збеснаа: Хрватскиот туризам се претвори во грабеж

2023-08-14 12:30

Германскиот RTL објави текст со наслов „Хрватска нè ограбува! Две евра за топка сладолед?“ и ја разгледува можноста летниот одмор во Хрватска да стане резервиран само за оние со подлабок џеб. Анализирајќи ги цените на хрватското крајбрежје, RTL го поставува прашањето дали Хрватска ќе...

Светските цени на нафтата пораснаа седма недела по ред

2023-08-14 12:00

На глобалните пазари на нафта, цените на барелот пораснаа и минатата недела, седми пат по ред, постигнувајќи го најдолгиот тренд на раст од почетокот на 2022 година, откако Меѓународната агенција за енергетика предупреди на сè потесна понуда. На лондонскиот пазар барелот брент минатата недела...

Домашни фирми бараат да го градат кампот за работниците на Бехтел и Енка

2023-08-14 11:30

Од велешката фабрика Брако денеска преку соопштение информираа дека ставот на компанијата е дека македонски компании и македонски работници треба да добијат најголем дел од работите при изградбата на коридорот 10д, „како што Владата му вети на македонското стопанство“ и наведуваат дека како домашна...

Продолжува серијата банкроти во Германија: Пропадна уште една компанија!

2023-08-14 11:00

Компанијата за недвижности „Проект“ со седиште во Нирнберг поднесе барање за стечај. Досега три од четирите компании од оваа проектна групација поднеле стечај, соопшти адвокатската канцеларија „Шулц и Браун“, пишува ДПА. Наскоро ќе следи холдинг компанијата Project Real Estate AG, велат оттаму. Адвокатите сакаат...

Три навики кои ќе ве направат богати

2023-08-14 10:00

Заработете, штедете, инвестирајте. Ако сакате да се збогатите, мора секогаш да ги имате на ум овие три работи. И по тој редослед. Во неодамнешниот разговор со клиентите на JPMorgan, извршниот директор Џејми Димон зборуваше за успешно стекнување богатство. „Инвестициите треба да бидат трајна работа....

Платите во Бугарија растат галопирачки, во Софија просекот е 1.400 евра бруто!

2023-08-14 09:00

Наспроти позадината на сѐ уште високата инфлација и недостигот на работна сила, платите во Бугарија продолжуваат да растат со двоцифрена стапка, но се очекува растот да забави благо откако претходно достигна рекорди. Просечното бруто покачување се зголеми за нешто повеќе од 13 отсто во...

Пензиите за две години пораснале 24%! Следува ново покачување за над 300.000 пензионери

2023-08-14 08:53

Последните податоци покажуваат дека замрзнатите пензии и смешните покачувања од неколку проценти за време на владеењето на режимот на Никола Груевски се минато. Од јануари минатата година до септември 2023 година кога се очекува новото зголемување, пензиите пораснале за 24 проценти. Новата методологијата за...

Круните од под перница се менуваат со провизија од 50%

2023-08-13 11:28

Оние што имаат девизни сметки во банките со валута: шведска, норвешка или данска круна, според новото упатство за банките, може да извршат нивно безготовинско префрлање на денарска сметка. Во банките и понатаму не се менуваат шведски, дански и норвешки круни, а тоа не го...

Мaкедонската винска индустрија е успешен пример како треба да се развива економијата

2023-08-13 11:00

Делегација на Сојузот за стопански комори на Македонија – ССК предводена од претседателот  г-дин Трајан Ангелоски, потпретседателите, Горан Ѓеорѓиевски, Орце Симов и Сашо Дукоски, заедно со директорот на Агенција за промоција и поддршка на туризмот г-дин Љупчо Јаневски, остварија  посета на македонската винарија  Имако...